за

Најголемиот Mercedes ќе има премиера во домот на Airbus A380

Посебни автомобили бараат посебни спектакли. За премиерата на класата S, Mercedes ја избра огромната хала од која обично се испорачуваат авионите за купувачите на најголемиот авион на светот

Mercedes подготвува посебна сценографија за премиерата на новата класа S која што ќе се одржи во среда на 15-ти мај. Новиот знаменосец на Mercedes ќе се покаже за прв пат пред светот покрај најголемиот и најсовремен патнички авион во светот, Airbus A380. Како локација за спектакуларниот настан е избрана центарот за испорака на Airbus во близина на германскиот град Хамбург.

На премиерата се поканети 750 гости од политиката, бизнисот и медиумите. Во тек се завршните работи во мултимедиското опремување на огромната хала, од која што обично се испорачуваат новите примероци од A380 за клиентите на Airbus од Европа и од Средниот Исток.

S-Klasse Weltpremiere Aufbau, Hamburg / S-Class World Premiere Construction, Hamburg

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германски магазин открива нови детали за класата Ѕ на Mercedes

Кој се вози тој се сака