Над 85.000 читатели на „Off Road“ ги избираа најдобрите теренци на годината

Читателите на специјализираниот магазин за теренски возила гласаа за најдобрите модели за оваа година. Вкупно 126 модели во дванаесет категории се бореа за титула. Не се пропуштени ниту гумите.

Над 85.000 читатели на магазинот „Off Road“ гласаа за најдобрите теренски возила според нивните мислења и искуства, во конкуренција од 126 возила во дванаесет категории. Десет пневматици за терен исто така учествуваа во изборот.

Mercedes-Benz G-Klasse (BR 463) 2016Не е изненадување тоа што наградата за најдобро теренско возило за оваа година му припадна на Mercedes G-Class, за когошто гласаа 30,4 проценти од читателите на магазинот. Во категоријата на теренски возила под 40.000 евра, наградата ја понесе Jeep Wrangler, со 38 проценти од гласовите во неговата категорија. Во новата категорија во изборот, за спортски теренци од субкомпактната класа, победи уште еден модел на Jeep, малечкиот Renegade со 44,5 проценти од гласовите во неговата категорија.

Најдобар кросовер според читателите на Off Road е Mercedes GLA

Најдобар спортски теренец со цена на основен модел под 40.000 евра и со голема предност пред останатите е Range Rover Evoque. Кај лусузните спортски теренци победник е Porsche Cayenne (21% од гласовите. Од кросоверите, читателите најмногу се решиле да го дадат својот глас за Mercedes GLA (14,6%). Во категоријата на луксузни кросовери, победата му припадна на Audi A6 Allroad Quattro (16,1 %).

Toyota Hilux е победник во категоријата пикапи со 17,1 проценти од гласовите, најдобро возило за специјална примена е Unimog (43,3%). Пол-позицијата кај мултинаменските теренски возила ја има Quadix Buggy 1100 (24,1 %), додека најдобар новодојденец во оваа категорија е ORZ Brute. Најдобра гума за терен според читателите на магазинот е Goodyear Wrangler Duratrac.

Претходна објаваBMW веќе ја губи трката со Mercedes во глобалната продажба
Следна објаваКако што им одговара на Американците: Tesla внатре, Volkswagen надвор

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here