за

Часовници на Мercedes: Кога ѕвездата ја носиш на рака

Mercedes часовници
Mercedes часовници

Часовник на Mercedes е исто како автомобил на Mercedes … доколку станува збор за дизајнерскиот пристап и за изработката. Вообичаено за понудата на имиџ-производи од марката од Штутгарт, освен скапи и вредни часовници, колекцијата опфаќа и модели со подостапни цени.

Mercedes ја претстави новата колекција часовници, кои го следат дизајнерскиот пристап на Mercedes, познат како „сетилна чистота“. При создавањето на овие вредни часовници е работено со идеја да се спојат функцијата и емоциите. Исто како кај автомобилите, посебно се внимава на изборот на материјалите, на проверената техника и на врвната изработка.

Најпреставителниот модел во новата колекција, како еден вид „S-Class меѓу часовниците“, е машки часовник со инспирација од мотоспортот, односно со црно куќиште од благороден челик и PVD-слој. Бројчаникот е од црн карбон, со индекси во боја на челик, со вметнат прстен за минути со сини акценти и секако со ѕвезда на Mercedes.

Automatic Chronograph, Motorsports · 1.299,90 евра
New item by Automedia MK / Google Photos

Врвовите на стрелките се посебно облагородени со светлечка маса Super-LumiNova. Посебност претставува заобленото сафирно стакло со заштита од рефлексии, кое овозможува јасно читање од секој агол. Куќиштето долу е затворено со сафирно стакло, преку коешто се гледа швајцарскиот механизам ETA 7750.

Chronograph, Sport Fashion (дамски) · 249.90 евра
New item by Automedia MK / Google Photos

Класичен стил следат моделите Classic Automatik и Classic Rallye. Првиот модел е препознатлив по бронзеното куќиште. Бојата на бронзата се менува со текот на времето и тоа му дава посебност на овие модели. Кај „Rallye“, главна е квадратната форма, заедно со класична комбинација на црна, беж и бордо бои.

Chronograph, Classic Automatic Copper Edition · 799,90 евра
New item by Automedia MK / Google Photos
Chronograph, Classic Rallye · 299,90 евра
New item by Automedia MK / Google Photos

 

Во колекцијата се наоѓаат и неколку подостапни модели на часовници. Целата понуда се наоѓа на www.shop.mercedes-benz.com

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Производителите имаат две години да ја скусат емисијата на СО2 за 20 проценти

Издавање паркинг Англија

Лондонци со ќар над 2.000 фунти годишно од изнајмување паркинг