за

Музејот на Audi доби електричен транспортер од 1956 година

Во музејот на Audi пристигна транспортер од марката DKW од 1956 година со погон на струја. Произведени се 100 примероци од електричното возило, само два се останати. Една од марките од коишто е произлезен денешниот Audi, историскиот Auto Union, го произведувал возилото Elektro-Wagen од марката DKW во фабриката во Инголштат. Во периодот меѓу 1955 и 1962 година се произведени само 100 примероци од верзијата на транспортерот со погон на струја. Возилата ги користеле фирми за дистрибуција на електрична енергија, комунални претпријатија и производители на акумулатори. Изложениот примерок бил користен на островот Вангероре во Северното Море, кадешто се забранети автомобили со мотор со внатрешно согорување.

Од електричниот транспортер на DKW се преостанати само два примерока. Експерти на Audi неколку години го реставрираа сегашниот музејски експонат. Возилото е во совршено исправна состојба и регистрирано е за редовен сообраќај.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda Fabia Combi: Семеен автомобил по разумна цена

McLaren 650S Le Mans за 20-годишнината од победата во Леман