Мобилна апликација за пополнување празни седишта

мобилна апликација ford

Апликација што бара патници за празните седишта во возилото и му носи заработка на возачот е победник на конкурсот на Ford.

Француската стартап-компанија Zify е меѓу трите победници на меѓународниот конкурс на Ford под име „Make it Driveable“. Нивната мобилна апликација помага при наоѓањето патници и може да се користи како инструмент за заработка. Програмерите на Zify во секој случај заработија на конкурсот, со наградата во висина од 10.000 долари или околу 8.630 евра. Ford ќе соработува во натамошното усовршување на апликацијата.

Наградени се и апликацијата Acast, којашто репродуцира подкасти зависно од возената рута и личните интереси на возачот, како и Route-Valet, којашто ги спојува приватните и јавните превозни средства во интелигентен планер за патување.

Ford доби над 70 проекти на стартап компании од Европа, од подрачјата мобилност, телематика и забава. Дваесетте претпријатија избрани во финалето понудиле решенија кои веќе можат да се користат во возилата на марката.

Повеќе од 15.000 програмери се регистрирани во програмата за развој на апликации на Ford. Преку бесплатниот софтвер што им го нуди марката, креативците можат да развиваат и тестираат апликации, без потреба од физички контакт со реален автомобил.

Претходна објаваЕУ бара за третина помалку СО2 од автомобилите до 2030 година
Следна објаваУште една поздравна серија пред заминувањето на G-Class

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here