Во фабриката на Renault во Мобеж е произведен милионитиот примерок од втората генерација на Kangoo. Во меѓувреме и јапонскиот пазар почна да покажува зголемен интерес за мултиталентираното комби.
Продукцијата на втората генерација на Renault Kangoo во фабриката во Мовеж достигна еден милион примероци. Ова моделско име се појави за првпат во 1998 година, за девет години подоцна да биде претставен и моделот од актуелната, втора генерација. Kangoo обично е избор на купувачи со хоби што бара многу простор во возилото или на фирми за достава на стока. За професионална примена се нудат три големини, Kangoo Compact, Express и Kangoo Maxi, а постои и верзија Kangoo ZE, со погон на струја.
Во минатата година околу две третини од продукцијата отпаѓаат на верзии за професионална примена. Деведесет проценти од возилата имаат дизел мотор, 7 проценти се бензинци, додека електричните верзии учествуваат со три проценти. Во фабриката во Мовеж, заедно со Kangoo се произведува и близнакот Mercedes Citan.
Франција, Шпанија и Германија се трите главни пазари на практичниот автомобил, но во последно време се зголемува неговата популарност и на јапонскиот пазар. Лани во Јапонија се продале 1.679 примероци од моделот, односно секое трето продадено возило на Renault било Kangoo. Французите ја одржуваат актуелноста на Kangoo со претставување на по неколку лимитирани серии во годината, наменети за јапонскиот пазар, додека сопствениците на Kangoo секоја година се собираат во подножјето на планината Фуџи, на манифестацијата Kangoo Jamboree. Лани, во седмата година на одржување на оваа манифестација, таму се собраа над 1.000 фанови на моделот.
















