Времињата кога сивата боја се поврзуваше со атрибути како старо и здодевно се минато во Ford. Купувачите на оваа марка преферираат автомобилот да биде лакиран во сива боја. Дури и класичната бела боја го губи приматот.
Сивата боја во моментов е најчест избор на купувачите на Ford. Според интерните статистики на производителот, таа се продава повеќе и од досега најпопуларната боја, белата. Возачите на оваа марка очигледно се во тек со светските трендови во модата, техниката и дизајнот – сивата боја се бара.
Оваа боја е во подем и тоа не само поради „50 нијанси на сиво“
Дури осум различни нијанси на сиво се достапни во моделската гама на Ford. И имињата на боите не звучат „сиво“: Магнетна, кралска, титанска, се само дел од нив. Експертите за бои во Ford самите се изненадени од популарноста на оваа боја. „Ние го препознавме трендот на сивата боја, којашто ги престигна дури и сребрената, црната и белата боја,“ открива Џули Френсис, дизајн менаџер за бои и материјали во европскиот огранок на Ford. За трендот не придонесе само филмот „50 нијанси на сиво“. Според Френсис, „сивата е прекрасна, целосно неискористена боја. Сивата е кул и прикажува различност, што прави оваа боја да биде возбудлива и привлечна.“
https://automedia.mk/objavi/27546
На тоа се надоврзува и експертката за психологија на бои Карен Халер: „Последните политички немири во целиот свет одиграа влијание врз нашата перцепција на боите.“ Оваа боја ни е мошне блиска и посредува чувство на згриженост. Покрај тоа, сивата боја е невпечатлива и остава повеќе простор за деталите да се изведат во понагласени бои.
Боја на интелектот, духовното, вистината, знаењето и мудроста
Толкување за трендот имаат и во Пантон Колор Институт. За нивната директорка Лори Пресман, „сивата го претставува стилот и комфорот“. Тоа е боја на интелектот, којашто асоцира на сивата материја на мозокот и се поврзува со духовното, со стремежот за вистина, знаење и мудрост.
Возбудливо, несомнено. Ќе помислевме дека боите се само бои.

















