за

Користен Aston Martin со гаранција директно од производителот

Купувачите на користени ексклузивни автомобили повеќе му веруваат на производителот, отколку на дилер на користени возила. Aston Martin е следната скапа марка што става поголем нагласок на сопствената шема за продажба на користени возила.

Целата светска мрежа од 164 застапништва на Aston Martin ќе ја понуди новата шема за продажба на користени возила од британската марка, со којашто на купувачите им се гарантираат врвни стандарди во поглед на квалитетот и состојбата, како и сугурноста на возилото.

Во програмата Timeless се достапни модели стари до десет години, вклучувајќи ги DB9, DBS и V12 Vantage, како модели со голем потенцијал за раст на вредноста во блиска иднина. Не се занемарени и купувачите што се подготвени да платат уште посолидни суми за ексклузивните модели, како V12 Zagato или иконскиот One-77.

Едногодишна гаранција и потврда за сервисната историја на возилото

Покрај едногодишна гаранција и помош на пат, програмата Timeless опфаќа и комплетен технички преглед, заедно со обновување на софтверот и хардверот, потврда за сервисната историја на возилото и сертификат за сопственичката историја. Купувачите дополнително добиваат и можност во следните три месеци по купувањето користен Aston Martin да набават прибор од марката со специјален попуст.

Мал проблем може да биде единствено тоа што најевтиниот Aston Martin достапен во целата мрежа во моментов е V8 Vantage Coupe од 2006 година, со 130.000 километри и цена од 35.500 евра.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Fisker Emotion има добра „карма“ и револуционерна батериска техника

Тест на гуми за сите сезони на клубот АДАК: Димензија 205/55R16 V