за

Користено возило: Volkswagen Golf V

Golf е оправдано бестселер во компакт класата и ако се бара објаснување, тоа може да биде само во избалансираниот спој на неговите својства. Моторот 1.9 TDI е моќен и штедлив, единствена слаба точка му е гласната работа. Каросеријата и внатрешноста се солидни како и секогаш, а едноставното ракување е голема предност и во тоа лежи една од најголемите причини за трајниот успех на Golf. Подвозјето во спој со прецизно управување и ефикасни сопирачки се одликува со хармонична работа и ја потврдува компетентноста на техничарите на Volkswagen.

Препорака

Во споредба со претходникот, Golf V е препорачлив и како користено возило со малку недостатоци. Моторот 1.9 TDI со 105 КС е најпродаван и најпрепорачлив дизел, и покрај неколкуте случаи на оштетувања на турбополначите.

Предности и недостатоци на моделот

[one_half]

[box type=”success” ]добра изработка
едноставно ракување
комфорно подвозје
безбедни возни својства
мошне ниска потрошувачка
ниски работни трошоци
[/box] [/one_half]

[one_half_last]
[box type=”error” ]слаба култивираност на моторот
скапа дополнителна опрема
[/box] [/one_half_last]

Ова треба да се знае за Volkswagen Golf V

volkswagen golf v napred

КАРОСЕРИЈА· Прегледност: Особено широките задни столбови ја попречуваат прегледноста наназад Пристапност на багажникот: Поради високиот товарен праг багажот мора да се подигнува високо при товарањето и растоварањето. Нерамниот под го попречува туркањето на тешкиот или гломазен багаж кога е соборена задната клупа.

ВНАТРЕШНОСТ · Ракување: Назад има премалку прегради, постојат само мали џебови во вратите. Не постои контролна светилка за соборено светло и поради тоа е лесно да се забораваат светлата ако возилото е опремено со опционалниот сензор за светла.

КОМФОР · Комфор на седишта: Задната клупа е преблиску до подот, поради што патниците седат со свиткани колена и потпората за бутините е недоволна Климатизација: Предниот дел од кабината се загрева бавно. Дејството е уште послабо на задната клупа, што е типичен симптом за штедливите дизелски мотори. Задните странични прозорци не се спуштаат целосно.

МОТОР И ПРЕНОС · Без забелешки

ВОЗНИ СВОЈСТВА · Без забелешки

БЕЗБЕДНОСТ · Без забелешки

ПОТРОШУВАЧКА · Без забелешки

ТРОШОЦИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ · Без забелешки

 

ВООБИЧАЕНИ ДЕФЕКТИ

Општо · Петтата генерација на Golf (Тип 1К) e значително подобрена во споредба со Golf IV во поглед на чувствителноста на дефекти. Иаково почетокот се уште се појавуваа пропусти во изработката, на пример одлепување на надворешните заптивки на вратите (до 8/2004), проблемите во возење и дефектите на пат се исклучително ретки.

Мотор · Дефект на мотор (1.9 TDI 2004 до 2005), дефект на турбополнач (почесто 1.9 TDI од 2004 до 2005, поретко 2.0 TDI од 2004 до 2006), откажување на рециркулација на издувни гасови (1.9 TDI од 2004 до 2006)

Систем за впрскување на гориво · Дефекти и погрешни функции на контролната електроника на моторот (бензинци 1.4/1.6 2004 до 2006, дизели 1.9 TDI 2004 до 2005)

Систем за ладење · Откажување на контролен уред на вентилатор (бензинец 1.4, 2004 до 2005)

Систем за палење · Дефект на индуктивни намотки (бензинци 1.4/2.0 2004 до 2005), дефект и заглавување на контакт брава (2004 до 2006)

Општо електрика · Прекинувачот за стоп светлата не функционира (дизел 1.9 TDI 2003 до 2005)

Греење/климатизација · Дефект на компресор за клима од добавувачот Valeo (до 6/2007)

Оски · Еднострано абење на гумите при често силно сопирање, отстрането со менување на геометријата на оската (до 2006)

Погон · Дефект на спојка (1.9 TDI 2004 до 2006)

Сервисни повици · Вентил за проветрување на вод за притисок за спојка/замавник (2006), софтверска грешка на радио RCD300 (2007), кабел за заземјување на дополнително греење на воздух (2008), грешка во имобилизаторот (2008)

 

ИНДЕКС НА ДЕФЕКТИ

Golf V повторно поентира со натпросечно добар биланс на дефекти во повисоките класи на километража. Кај помалите километражи тој е во просекот на класата. Во конструктивната група мотор/животна средина се регистрирани натпросечно многу дефекти. Истото важи и за истрошеноста на сопирачките, погрешни дојави на системот за дијагностика и оштетени манжетни на погонскита оски.

Го покажува резулатот на моделот во споредба со просекот од сите модели во класата.

О + ++
Многу слабо Слабо Просечно Добро Одлично

 

[box type=”info” ]Вообичаени мани
Оштетени манжетни на погонските оски
Истрошеност на сопирачките дискови и облоги
Грешка во дијагностиката/превисоки вредности на издувни гасови [/box]

Што вели статистиката за Volkswagen Golf V · Тип на возило: 1K

  0-50 000 km 50-100 000 km 100-150 000 km
  Просек во класа VW Golf Просек во класа VW Golf Просек во класа VW Golf
Според процент на дефекти1)
Без значајни дефекти 89,5 % 88,5 % 74,5 % 80,2 % 58,1 % 71,3 %
Со мали дефекти 6,4 % 7,0 % 14,6 % 11,7 % 22,6 % 16,6 %
Со значајни дефекти 4,1 % 4,5 % 10,9 % 8,1 % 19,3 % 12,1 %
Според група1)
Подвозје, управување 0,7 % 1,0 % 1,7 % 1,7 % 3,3 % 2,7 %
Мотор, екологија 1,9 % 2,3 % 6,3 % 4,3 % 15,3 % 8,0 %
Каросерија, кабина 1,7 % 1,0 % 7,4 % 2,4 % 16,0 % 5,2 %
Сопирачки 3,4 % 3,5 % 11,0 % 9,0 % 19,9 % 12,3 %
Електрика, електроника, светла 7,0 % 7,3 % 17,5 % 11,7 % 34,3 % 18,1 %

1) Покажува колкав процент од проверените возила од овој модел не покажале дефекти, имале мали дефекти или имале значајни дефекти. За споредба, во левата колона на секоја класа на километража е наведен просекот од возилата во класата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Класата А на Mercedes е избрана за најдобар автомобил во Европа

Металните ѕвезди од шестото продолжение на Брзи и Бесни