за

Концепт на Volkswagen Touareg ќе има премиера во Пекинг

Volkswagen ги најавува изгледот и технологијата во идниот Touareg преку концептот Beijing Showcar, кој ќе биде прикажан премиерно на салонот во Пекинг.

Волфсбург веќе се подготвува за претставување на новата генерација на големиот спортски теренец Touareg и преку концептниот автомобил Beijing ќе ги најави технологијата и изгледот на новиот модел. Концептот Beijing ќе прикаже нов начин на ракување во кокпитот, преку дигитализација на командите и на прикажувањето на информациите, слично на неколкуте претходни студии од куќата. Во поглед на дизајнот, Volkswagen продолжува со воведувањето спортска нота во изгледот, во комбинација со елегантна линија на каросеријата.

volkswagen beijing showcar 4Германците се поконкретни во наведувањето на фактите околу погонот во концептниот автомобил. Станува збор за плагин-хибрид со системска моќност од 381 КС и вртежен момент од 700 њутнметри, со батериски капацитет за 50 километри. Со овој погон, идниот теренец би трошел три литри бензин на сто километри, во комбинација со забрзување до 100 km/h за 6,0 секунди и крајна брзина од 224 km/h. Хибридот е сосема веројатно дека ќе се понуди како погонска опција во гамата на големиот теренец од Волфсбург.

Продажниот старт на идната генерација на Volkswagen Touareg се очекува во текот на следната година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кинеските автомобили не поминаа кај европските купувачи

Над 7.000 нарачки за суперспортскиот Ford GT – само 500 на располагање