за

Колку заработуваат производителите од продаден автомобил?

Една студија открива колку производителите добиваат или губат од секој продаден автомобил. Разликата е од 891 евро загуба кај европскиот Ford до 23.967 евра добивка кај Ferrari.

Студијата на Центарот за автомобилски истражувања на Универзитетот Есен открива дека најголема промена има кај Opel, кој во минатата година имал загуба од само 607 евра по продаден автомобил, наспроти 2012 година, кога европската ќерка на General Motors постигнувала загуба од дури 1.341 евра, односно половина повеќе. Студијата ја истражува профитабилноста во автомобилскиот бизнис на големите концерни, што значи без вклучување на финансиските услуги, активностите на добавувачите или продажбата на мотоцикли.

Со преполовувањето на загубата, Opel минува подобро од конкурентот Ford во Европа, кој со 891 евро има најголема загуба по продаден нов автомобил од сите автомобилски производители што се опфатени во студијата и не постигнал напредок од 2012 година, кога загубата изнесувала 967 евра.

Триото од германските премиум марки ги нема овие проблеми. Во минатата година BMW заработувал 3.390 евра по автомобил, Audi 3.188 евра и Mercedes-Smart 2.558 евра. Најголемата добивка е кај Ferrari-Maserati со 23.967 евра по автомобил и кај Porsche, со 16.639 евра.

Додека Toyota оперативно заработува по 1.588 евра од возило, Volkswagen и покрај рекордната продажба лани постигнал плус од само 616 евра по автомобил. Сепак, Audi и Porsche се грижат профитабилноста на германскиот концерн и натаму да се одржува на високо ниво.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot и Citroen ќе згаснат 19 модели до 2020 година

Citroen ќе го претстави престижниот теренец DS 6WR во Кина