за

Класата C на Mercedes доаѓа и од Јужна Африка

По три месеци од почетокот на производството во фабриката во Бремен, новиот модел од средната класа на Mercedes се симнува и од лентите во јужноафриканскиот Ист Лондон.

Фабриката на Mercedes во Ист Лондон е втора од вкупно четирите глобални локации во коишто ќе се произведува најпродаваниот модел на марката со сребрената ѕвезда. Во фабриката во Јужна Африка се произведуваа и трите претходни генерации на моделот. Класата С е прв модел на Mercedes што ќе се произведува на четири континенти. Во следните неколку месеци ќе стартува производството во Таскалуза, во сојузната американска држава Аламаба, а потоа и во Пекинг, во Кина.

Mercedes е присутен во Јужна Африка уште од 1954 година и ја презеде главнината од акциите во фабриката во Исто Лондон во 1984 година. Фабриката почна да извезува лимузини за пазарите со волан од десна страна во 2000 година, а седум години подоцна и модели со волан од лева страна наменети за пазарот во САД. Околу 2.700 вработени во минатата година произведоа повеќе од 50.000 примероци од лимузините од класата С на Mercedes. Фабриката во Ист Лондон е неколку пати одликувана за квалитетот во производството, за последен пат во 2013 година со „Сребрен медал за квалитет на фабрика според Ј.Д. Пауер“.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Megane RS Trophy 275 TCe: Ова е идниот рекордер?

Зошто толку ги крадат фаровите на Range Rover?