за

Кинези го победија Renault на тендер за електрични автомобили во Брисел

Европските службеници во Брисел отсега ќе патуваат на состаноците во електрични автомобили од кинескиот производител BYD, место во Renault и Nissan.

Кинеската компанија BYD го доби првиот тендер за такси возила со нулта емисија на штетни гасови во европската престолнина, победувајќи ги Renault и Nissan. Од педесетте нарачани автомобили со погон со батерии, локалните такси компании во Брисел избраа 34 примероци од моделот „e6“ на компанијата BYD. Решавачки предности на кинескиот автомобил пред конкурентите од Франција и Јапонија беа просторноста на кабината, комфорот и досегот на BYD e6.

Ова е досега најголема нарачка на такси возила од BYD на европскиот пазар. Компанијата претходно има испорачано 20 такси возила во Лондон и неколку возила во Ротердам. BYD e6 може да мине 300 километри со полни батерии, наспроти Renault Zoe, којшто располага со половина помал досег. Цената од 48.000 евра по возило е повисока отколку на споредливите возила со обичен погон, но разликата ќе се врати по четири години експлоатација, поради помалите трошоци за струја за полнење на батериите.

Во Брисел се регистрирани околу 1.300 такси возила. Единствената можност за такси компаниите да добијат нови лиценци за работа беше да наддаваат за електричните автомобили на тендерот. Компанијата BYD (Build Your Dreams) е во делумна сопственост на мултимилијардерoт Ворен Бафет.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel во офанзивен настап на македонскиот пазар на автомобили

Mercedes ML станува Mercedes GLE