Календар за 2016 година со моторите од историските модели на Audi

Фановите на Audi можат да си обезбедат уште еден детал што ќе ги потсеќа на нивната марка. Музејот на Audi издаде календар за 2016 година со моторите од најзначајните модели од историјата.

Музејот на Audi подготви календар за 2016 година за фановите на марката, под името „What drives us“. Во календарот се прикажани мотори од едновековната историја на фирмата. Моторите се избрани како носечки мотив во календарот, затоа што „не постои пронајдок кој го променил светот во насока на индивидуалниот превоз во толкава мера колку моторот“. Тоа важи и денес, во ерата на глобалното поврзување и дигиталната мобилност.

Календарот за 2016 година од Audi Tradition ги прикажува погонските агрегати од историјата на Audi. Основачот Аугуст Хорх во 1912 година работел лично на четирицилиндарецот на Audi Typ C и со него освоил значајни ридски трки. Дваесетина години подоцна, во 1936 година, Auto Union развил 16-цилиндарец во тркачкиот Typ C, кој на правците достигнувал и до 380 километри на час. Покрај овие мотиви, во календарот се прикажани и малиот двотактен мотор на DKW Universal од 1951, првиот електричен погон на Auto Union во 1956, едноклипен ванкел мотор на NSU Wankel Spider од 1967, па се до 21-от век, со победничкиот Audi R10 TDI, кој е запишан во историјата како прв автомобил со дизел мотор кој победил на 24 часа Леман.

Календарот може да се нарача на www.audi.de/tradition-parts по цена од 29,90 евра.

Претходна објаваMoto Guzzi V7 II Stone: Компактна машина со цврст карактер
Следна објаваKia Optima PHEV: Прв хибрид на Kia со приклучок за полнење

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here