„Кактусот“ на Citroen се продава подобро од очекувањата

Citroen ќе воведе нови смени во фабриката во близина на Мадрид за да ја задоволи големата побарувачка за кросоверот на база на C3.

Работниците во фабриката на Citroen во Виљаверде, во Шпанија, дополнително ќе одработат четири саботи во текот на ноември. Поради големиот интерес на пазарот за новиот модел C4 Cactus, продукцијата на овој кросовер ќе се зголеми за 20 проценти од првичните планови. Продажбата на C4 Cactus на францускиот пазар стартуваше во септември.

Citroen постигна мошне атрактивна цена на кросоверот, користејќи ja како основа продолженатa платформа од моделот C3. Покрај цената, C Cactus привлекува и со необичниот изглед, со заштитни гумени панели отстрана што ја штитат каросеријата од вообичаените оштетувања на улиците на големите градови, исто како што кактусот се штити со боцките.

За компактниот кросовер на Citroen е планирана годишна продукција меѓу 50.000 и 100.000 примероци. Фабриката во Виљаверде беше поштедена од затворање пред две години, но работната сила беше намалена значително.

Претходна објаваОвој Ford има три срца: Mondeo со хибриден погон
Следна објаваDucati воведува револуција во мотоциклите со Testastretta DVT

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here