И покрај Дизелгејт: Volkswagen вложува најмногу во истражување

Аферата во САД можеби кажува поинаку, но Volkswagen во моментов е светски шампион по делот од прометот што го издвојува за истражување и развој.

Volkswagen вложува најмногу во истражување од сите германски производители на автомобили. Буџетот на гигантот од Волфсбург за таа намена лани изнесувал 15,3 милијарди евра, покажува последната глобална студија што ја објави реномираниот PWC. Volkswagen предводи и со уделот од 5,7 проценти од вкупниот промет што го вложува во истражувачки и развојни цели, пред конкурентот Daimler со 4,4 проценти и BMW со 5,1 проценти.

Аналитичарите се сомневаат дека Volkswagen ќе го задржи актуелното ниво на инвестиции во истражување по аферата со азотните оксиди и огромните финансиски средства што ќе треба да се издвојат за коригирање на неправилностите во рамките на масивниот сервисен повик. Повеќе од половината од вкупната сума што германската индустрија ја вложува во истражување се наменети само за автомобилската бранша. Според анализата на PWC, компанијата Daimler во периодот од јуни 2014 до јули 2015 инвестирала вкупно 7,6 милијарди долари, додека BMW вложил 5,5 милијарди долари. Најголем удел од прометот во ова подрачје инвестираат фармацевтскиот концерн Merck (15,1 проценти) и софтверската куќа SAP (13,3 проценти).

Германската компанија вложува во истражување повеќе и од Samsung и Microsoft

Volkswagen ја предводи светската листа и во апсолутните бројки, пред јужнокорејскиот произвводител на електронски уреди Samsung со 14,1 милијарди долари, производителот на чипови Intel со 11,5 милијарди долари и Microsoft со 11,4 милијарди долари. На глобално ниво, сумата што се инвестира во истражувачки работи забележала раст од 5,1 проценти.

Претходна објаваHonda развива електричен спортски автомобил со 350 КС
Следна објаваGeneral Motors е следен на список: Сервисен повик поради ризик од пожар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here