И Мitsubishi Electric довезува автомобил на салонот во Токио

Mitsubishi Motors не е единствен во групацијата на кого што му се интересни електроните во автомобилите. Mitsubishi Electric исто така подготви концепт за Токио, и можете да погодите – тој вози самостојно без возач.

„Електричната“ сестра на Mitsubishi Motors во рамките на 40-те компании во групацијата Mitsubishi го најави концептот Emirai3 xAuto за салонот во Токио, како автономно возило што ги користи сите технологии на Mitsubishi Electric за безбедно и прецизно самостојно возење од следната генерација. „Electric“ планира новите технологии во концептниот автомобил да ги пушти на пазарот по 2020 година.

1008-2

Во возбудлив наративен стил на јапонските техничари, најавата за концептниот Emirai3 xAuto (обидете се да се присетите на името по половина минута) во сопштението од Mitsubishi Electric изгледа точно вака:

Технологии за автоматизирано возење

Периметарска сензорика и вештачка интелигенција

– Високонапредна технологија на периметарска сензорика комбинира радар со милиметарски бранови, предвидување на движење и мапирање на ризик. Двете технологии, комбинирани со мониторинг од вештачка интелигенција за средината околу возилото, гарантираат дека возилото ќе реагира соодветно на условите на патот и во сообраќајот.

– Радар со милиметарски бранови користи нискошумна, високорезолуциска детекција за препознавање на објектите во средината.

– Технологијата на вештачка интелигенција ги предвидува и ги мапира видливите ризици врз основа на движењето на другите возила. Таа исто така ги идентификува невидливите и неподвижни ризици преку анализа на информации за потенцијално опасни услови на патот итн., обезбедени преку интернет.

Високопрецизно позиционирање и комуникација меѓу возилото и патот, како и меѓу возило со возило

– Возилото користи мерење со висока прецизност со помош на квази-зенитни сателити, прецизно позиционирање преку 3D-мапи со висока резолуција, како и информации надвор од возилото, преку комуникација меѓу возилото и патот и меѓу возилото и другите возила.

– 3D-мапирањето е овозможено преку сопствениот „mobile mapping system“ на Mitsubishi Electric. Прецизни мерења со сантиметарска точност се постигнуваат со квази-зенитни сателити. Комуникацијата пат-возило и возило-возило овозможува кооперација со блиските возила и соодветно реагирање на одредени услови на патот, како на пример на планински пат или при снег на патот, возење ноќе, во магла или при приклучување во густ сообраќај.

Високопрецизна контрола на движење на возилото

– Високопрецизната контрола на движењето на возилото на Mitsubishi Electric се постигнува преку електрично сервоуправување и контрола на тракција, за смирени и сигурни постапки при самостојното управување на возилото.

Претходна објаваFerrari стартува на њујоршката берза, акциите на Fiat пораснаа 80%
Следна објаваМилионска казна за Fiat поради даночни олеснувања во Луксембург

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here