за

Исправање на неправдата: Супермен доби службено возило

Супермен може да лета и за разлика од Бетмен нема потреба од Бетмобил. Chrysler смета дека хероите од филмското платно сепак мора да имаат свои возила и го снабди суперхеројот со суперавтомобил.

Суперчовекот не се служи со висока технологија за да го заштити човештвото од злоделата и по тоа се разликува од Бетмен или од Ајронмен. Место електронски помагала и трикови, Супермен ги користи својата натчовечка сила и храброста. Ако постои автомобил што одговара совршено на овој карактер, тогаш тоа може да биде само Ram 1500. Во последното продолжение на серијалот, Супермен ќе го вози овој пикап на Chrysler.

BU013_096EV

Уникатот е бојадисан мат сиво, со покрив во сјајно црно боја, а место овенот, на предната маска се гледа доминантното лого на Супермен. Внатрешноста го следи стилот, со големо С на седиштата и со детали бојадисани во црвено. Откако филмот ќе почне да се прикажува во кино салите, пикапот ќе се понуди на наддавање, а средствата до тоа ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

BU013_098EV

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Лимузинскиот Civic со промотивен попуст од 1.000 евра

Авионите на Air Berlin ќе „возат“ на струја