за

Изјава на шефот Винтеркорн за скандалот во Volkswagen

Погледнете го во прилог видеото со изјавата на шефот на Volkswagen, Проф. Др. Мартин Винтеркорн, за случувањата околу скандалот со манипулацијата на издувните гасови кај моделите со дизел мотор на пазарот во САД.

Преводот на изјавата:

„Неправилностите кај дизел-моторите на нашиот концерн противречат на сé за што се залага Volkswagen. Во моментов уште ги немаме сите одговори на сите прашања. Но, наша задача е позадината да ја разјасниме без поштеда на кого било. Во овие моменти ги отвораме сите карти на маса. Колку што тоа е можно побрзо, потемелно и потранспарентно. За таа цел ја продолжуваме директната соработка со надлежните државни институции и органи. Брзото и целосно разјаснување има највисок приоритет. Тоа им го должиме на нашите клиенти, на нашите вработени и на јавноста. Да кажам јасно: Манипулација и Volkswagen – тоа никогаш не смее да се повтори.

Милиони луѓе од целиот свет имаат доверба во нашите марки, нашите автомобили и технологии. Неизмерно жалам што ја изневеривме оваа доверба. Им се извинувам на нашите клиенти, на институциите и на целата јавност за погрешното однесување. Ќе преземеме сé да ја поправиме настанатата штета. Исто така ќе преземеме сé за довербата да ја вратиме чекор по чекор.

Преку 600.000 лица работат во нашиот концерн во производство на најдобрите автомобили за нашите клиенти. Им се обраќам на нашите вработени: Знам со колкав труд и со колкава голема и вистинска искреност ја извршувате Вашата работа ден за ден. Поради тоа, погрешно би било поради грешка на неколкумина да падне под сомнение напорната и искрена работа на 600.000 лица. Нашиот персонал тоа не го заслужи.

Поради тоа Ве замолувам и за доверба во нашиот натамошен пат: Ќе разјасниме. Работиме интензивно на неопходните технички решенија. Ќе преземеме се за штетата да ја пренасочиме од нашите клиенти и вработени. Ви ветувам: Во целата оваа ситуација ќе постапуваме со максимална отвореност и транспарентност.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Забавата може да почне – на три тркала: Polaris Slingshot пристига во Европа

Овие трикови ги користат производителите заради лажирање на потрошувачката