за

Жулиет Бинош пристига со Nissan Qashqai на „Браќа Манаки“

Кросоверот Nissan Qashqai ќе го покаже благородниот карактер како автомобилска придружба за Жулиет Бинош на „Браќа Манаки“

Обично објавуваме кога филмските ѕвезди ќе се појават со некоја марка автомобил на светските фестивали. Но, ѕвездите и фестивалите овојпат се кај нас, во Битола.

Во македонскиот Nissan очигледно не се мирува во изнаоѓањето начини за постојано присуство во јавноста и пристапување до публиката. Откако знакот на јапонскиот специјалист за теренци и тркачи го гледавме на фестивали за танц или на тениски турнири, сега следува веројатно кулминацијата преку појавувањето на Nissan во функција на официјален превозник на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола.

Големи режисерски и актерски имиња ќе продефилираат на јубилејното издание на нашиот филмски фестивал што се издвојува и во регионални рамки, меѓу кои и Жулиет Бинош, меѓу другото добитничка на награда за најдобра улога во „Англискиот пациент“ на фестивалите во Берлин и Кан. Прекрасната француска актерка ќе пристигне на црвениот тепих во Битола со новиот Nissan Qashqai.

„Овогодишната соработка не е случајна, фестивалот Браќа Манаки во ова јубилејно издание доживува кулминација во поглед на врвни филмови, возбудливи и провокативни, креативни и мајсторски сработени, впрочем како и брендот NISSAN кој со новата генерација на Qashqai поставува нови стандарди во автомобилската индустрија. Компанијата Аутомотив Груп со задоволство ја поддржува филмската уметност и големата експанзија на македонската кинематографија, а најдобар начин на претставување на иновацијата која возбудува е токму ’Браќа Манаки‘“, открива Симона Николовска, лице за односи со јавност во Аутомотив Груп.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda ќе го претстави новиот HR-V на салонот во Париз

Автомобилот по паметот на часовникот: Apple Watch за i-BMW