Женева 2015: Европско деби на Lexus LF-C2

Lexus LF-C2

По светската премиера на салонот во Лос Анџелес во минатиот ноември, Lexus LF-C2 доживува европско деби во Женева. Студијата на родстер со конфигурација на седишта 2+2 ја прикажува идната дизајнерска насока на луксузната марка на Toyota. Во предниот дел на возилото долго 4,72 метри е впечатлива маската „Диаболо“ на којашто се надоврзуваат диодните светла во форма на L. Отворите за воздух во предниот браник служат за ладење на сопирачките и го оптимираат струењето на воздухот во функција на стабилноста во возењето. Преку помалите отвори во праговите, воздухот струи кон задните сопирачки и кон дифузорот. Маркантни задни светла, исто така во форма на L, заедно со четири хромирани издувни цевки го ставаат акцентот во задниот дел на концептниот автомобил, којшто „лежи“ на бандажи од 20 инчи.

Во средината на арматурната табла се наоѓа видеодисплеј со когошто се ракува преку командно поле што реагира на допир во средишната конзола. Како погонски единици доаѓаат во предвид моторите од купето Lexus RC со моќност до 477 КС. Сериско производство на родстерот во оваа форма засега не се спомнува.

Претходна објаваЖенева 2015: На Audi Q7 E-Tron му е доволен 1,7 литар гориво
Следна објаваЖенева 2015: Брзото комби на Seat

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here