Традициите вистински се почитуваат во Еуроимпекс и во настапот на марката Peugeot пред македонската јавност. Бројна публика викендов присуствуваше на традиционалниот тениски турнир за претстаниците од дипломатскиот кор во Македонија, којшто се одржува со поддршка на увозникот на Peugeot. Турнирот се одржа во саботата, на терените на „Евросет“ во Скопје, во соработка меѓу Еуроимпекс, Францускиот институт во Скопје, Дипломатскиот клуб и МНР.
На традиционалниот тениски турнир зедоа учество претставници на дипломатскиот и конзуларниот кор во земјата, претставниците на меѓународните организации и вработени во Министерството за надворешни работи. Овогодишното издание мина во знак на 25-та годишнина од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Франција и Македонија.
Еуроимпекс како постојан поддржувач на тенискиот спорт ги пречека присутните дипломати и преставници на конзуларниот кор со Peugeot 3008 SUV, којшто беше во својство на „пријател на настанот“. За масовноста на турнирот говори податокот дека на него учествуваа 33 лица.
Peugeot 508 SW стартува во специјална серија „First Edition“
Peugeot најпродавана марка на францускиот пазар во септември