Две комбиња со електричен погон Nissan e-NV200 станаа дел од возниот парк во палатата на принцот од Монако, како дел од заложбата на благородничката фамилија за зачувување на животната средина.
Во палатата на принцот од Монако денес се испорачани два вана Nissan e-NV200 со погон на струја, со што кралската фамилија продолжува да ја реализира обврската за зачувување на животната средина. Вановите ќе се користат за достава на стока и за транспорт на лица на територијата на историскиот имот кој е дом на принцот и на неговата фамилија.
Принцот Алберт Втори смета дека „намалувањето на емисијата на штетни материи е витална и нашата земја постави амбициозни цели во тој поглед. Нашата цел е да ја намалиме емисијата на СО2 за 50 проценти до 2030 година, со крајна цел да постигнеме нулта емисија до 2050 година.“
Ванот Nissan e-NV200 во голем дел се базира врз погонската технологија на пионерскиот електромобил Leaf и со едно полнење на батериите минува до 170 километри. Јапонската марка го направи пионерскиот чекор со воведувањето на Nissan Leaf во 2010 година, како прв големосериски автомобил со погон на струја. Заедно со ванот e-NV200, досега на глобалниот пазар се испорачани над 220.000 примероци од обата модела.
Кнежеството Монако веќе има воведено низа мери за намалување на штетната емисија од сообраќајот, со воведување еколошки погонски системи во јавниот сообраќај и субвенции за возила со ниска емисија на штетни гасови.
















