Електричниот Faraday Future побрз од Ferrari, Tesla и Bentley

Уште три недели преостануваат до премиерата на првиот сериски автомобил на Faraday Future на саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас. За публиката да го чека настанот со нетрпение, компанијата од Силиконската Долина објави видео на коешто нивниот нов автомобил се трка со Ferrari 488 GTB, Bentley Bentayga и Tesla Model X. Исходот засега е „неизвесен“.

Пред околу една година Faraday Future го прикажа концептниот автомобил FFZero01, којшто тогаш прикажа преголема футуристичка нота за публиката да може да поверува дека компанијата навистина ќе стартува со сериско производство на возила. На претстојниот саем за потрошувачка електроника во Лас Вегас, компанијата ќе ги разубеди сите што се посомневаа во нејзините сериозни планови. На 3-ти јануари ќе биде претставен првиот сериски автомобил на Faraday Future.

Перформансите на автомобилот може да се навестат уште сега, преку нешто што е замислено како „подбуцнувачко“ видео. На снимката се појавува кросовер, наместен на стартна линија за трка со Tesla Model X. Но, калифорнискиот модел не е единствениот што мора да ги докаже своите моќи пред електромобилот на Faraday Future. Нивниот нов кросовер се трка и со луксузниот Bentley Bentayga, како и со Ferrari 488 GTB. Исходот од трките со трите соперници засега е непознат, но штом Faraday Future го избра овој начин да го промовира својот прв автомобил, веројатно тој победува во сите три случаи.

https://automedia.mk/objavi/22068

За потсетување, кросоверот на Tesla во „најсилната“ изведба P100D забрзува до сто за 3,1 секунди, на 488 GTB за истото му се потребни точно три секунди, додека Bentayga е по малку надвор од конкуренција, но како сроден концепт со електромобилот на Faraday Future, неговото забрзување до сто изнесува 4,1 секунди. Како завршува одмерувањето на силите ќе дознаеме веројатно наскоро, во следното видео до премиерата во Лас Вегас.

Компанијата од Силиконската Долина во меѓувреме вози мошне успешно и во тркачката серија со болиди со електричен погон Формула-Е.

Претходна објаваПо 17 години пауза: Toyota се враќа во светското рели со Yaris WRC
Следна објаваAlpine стартува со нарачки за новиот спортски модел на Французите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here