Десет автомобилски марки во немилост на американските судови

Само во САД: Луѓе се убиваат директно во пренос пред телевизиски камери, а производителите на автомобили се виновни за труења од јаглероден моноксид во гаража

Десет најголеми производители на автомобили мораат да одговараат пред судовите во САД. Концерните добија собирна тужба за најмалку 13 смртни случаи. Се работи за системот за автоматско стартување на моторот.

Водечки марки на светскиот пазар на автомобили се под сомнение дека автоматскот систем за стартување во новите возила, без класичниот клуч, претставува потенцијална опасност за возачите и патниците. Кај овие возила, моторот може да се стартува со притискање на копче и да продолжи да работи, без потреба клучот да биде оставен во бравата. Отсуството од автоматско гаснење на моторот, во последните години предизвикало смрт од труење од јаглероден моноксид кај најмалку 13 лица. Покрај тоа од овој систем според принципот keyless-go се предизвикани и повеќе случаи на повреди.

Производителите виновни за филмски инспирираните самоубиства на Американците во гаражите?

Според тужбата, прозиводителите на автомобили го прикажале системот за автоматски старт како безбеден, иако биле свесни за можните опасности. Неколку смртни случаи настанале кога автомобилот продолжил да работи повеќе часови во гаражата, без возачот да биде свесен за тоа, при што се ослободила смртоносна концентрација на отровниот јаглероден моноксид.

Во споредба со старите системи за пречистување на издувните гасови, денес е потребно многу подолго време додека се создаде опасна концентрација на јаглероден моноксид. Многу подолго време. Но, сепак постои опасност, особено во затворени простории. Отровниот гас е без мирис, преку потиснувањето на кислородот во крвта доведува до поспаност, бесознание, отежнао дишење и во најтежок случај, до смрт.

Според обвинителите, постојат системи што самостојно го гаснат моторот по кусо време, без интервенција на возачот. Сличен случај имаше марката Chevrolet, за хибридниот автомобил Volt. Тужбата е предадена против концерните Toyota, BMW, Volkswagen, Daimler, Ford, Nissan, Honda, General Motors, Hyundai и Kia.

Претходна објаваLada Vesta Cross: Комби не смее да им недостига на Русите
Следна објаваПрви фотографии од новата генерација на Kia Sportage

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here