Двојно зголемување на продажбата на електрични автомобили во Европа

Бројот на електрични автомобили во Европа се зголемува со рапидно темпо. Но, нивниот удел во вкупниот пазар и натаму останува на ниско ниво, а дури и во споредба со другите видови на алтернативен погон.

Бројот на новорегистрирани електрични автомобили во првите три месеци од годинава во ЕУ се зголемил за повеќе од двапати. Во овој период се регистрирани вкупно 24.630 патнички автомобили со чист електричен погон, со погон на водород или хибриден погон со надворешно полнење на батериите (плаг-ин хибриди). Тоа претставува раст во продажбата од 118 проценти во споредба со истиот период лани.

Најголем единечен пазар во првиот квартал е Велика Британија со 8.026 возила (+454%), пред Германија со 4.542 возила (+200%) и Франција како трет најголем пазар во Европа со 3.737 возила со погон на струја. Според статистиките, се зголемил интересот и за другите видови алтернативен погон. Бројот на хибридни автомобили без приклучок за полнење на батериите достигнал 56.704 примероци, односно 21 процент повеќе отколку во првиот квартал лани, додека возилата со погон на метал или автогас се зголемил за 16,5 проценти, на 63.087 примероци. Најголемиот дел од овие возила се продадени на италијанскиот пазар (54.000 примероци).

Во првите три месеци во земјите во ЕУ се продадени 3,5 милиони нови патнички автомобили. Тоа претставува раст од 8,4 проценти во споредба со првиот квартал лани.

Претходна објава20 години на системот за контрола на стабилност во Mercedes
Следна објаваФејслифт за G-Class: Овој Mercedes е вечно млад

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here