Германците ќе стават крај на доминацијата на Tesla

Калифорнискиот електро-специјалист Tesla успеа во 2012 година да му нанесе силен удар на германското премиум трио Audi A8/BMW 7/Mercedes S. Но, нивниот одговор нема да биде толку нежен.

Германија ќе ја брани честа на нацијата, на „авто-нацијата“. Во време кога погонот на струја веќе сигурно го презема кормилото на иднината, триото германски премиум марки планира да ја преземе превласта и во автомобилите на струја. Моментно, тронот го држи калифорнискиот специјалист за електрични автомобили, Tesla Motors, со лимузината Model S. За само две до три години, германските луксузни лимузини со електричен погон ќе се продаваат во десетици илјади примероци. Тоа го открива германскиот магазин Auto Bild во последното издание што денес излезе од печат.

BMW планира во 2018 година да го претстави електричниот автомобил i5 на основа лимузината од серијата 5 со моќност од 612 КС. За да ја постигне оваа моќ, идниот i5 ќе користи два електромотора, еден за предната оска со моќност од 150 КС, друг за задната оска со 272 КС. На тоа се надоврзува трицилиндарскиот бензинец од 1,5 литар со турбонатполнење, кој веќе се вградува во сериите 1 и 2 на BMW. Бензинецот ќе се вклучува само при брзини над 60 km/h и ќе функционира и како генератор на струја, за полнење на батериите. Досегот со едно полнење ќе изнесува до 125 километри.

Водечкиот европски магазин Auto Bild во денешното издание пишува за електро-иднината на премиум марките
Водечкиот европски магазин Auto Bild во денешното издание пишува за електро-иднината на премиум марките

Во истата година ќе се појави и спортскиот теренец Audi Q6 e-tron, како одговор на техничкиот предизвик на Tesla. Овој модел со хибриден погон со надворешно полнење на батериите ќе се нуди во три степен на моќност во дијапазон од 300 до 500 КС. Баварците ветуваат електричен досег до 350 километри.

Одговорот на Porsche во погонот на струја ја носи моделската ознака 717. Спортската лимузина со четири врати ќе вози на струја до 500 километри со енергијата во 108-те акумулатори. Porsche исто така планира три степени на моќност, од 400 до 600 КС. Специјалност на електричниот автомобил на Швабите ќе биде можноста за индуктивно полнење на батериите, без користење кабелска врска.

Mercedes го развива моделот со интерна ознака Ecolux, со управување на сите тркала и со погон назад. Поради тоа што најважните елементи од батерискиот кит тежок 400 килограми се вградени во подот, во сите варијанти на овој модел ќе се седи околу седум сантиметри повисоко отколку во стандардните спортски теренци. Моделот ќе се нуди во две варијанти, со моќност од 544, односно 612 КС, а досегот во зависност од стилот на возење ќе достигнува 500 километри. Mercedes планира вкупно четири нови модели со погон на струја, коишто ќе се произведуваат во посебна фабрика за нив.

Претходна објаваAudi RS 3 Sportback: Моќ во компактен формат
Следна објаваFord најавува нов Focus RS и основање перформанс-тим

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here