за

Германија отвори станица за водород на „Аутобанот“

станици за водород

Имате проблем при наоѓањето пумпа за да наточите гориво во Вашиот автомобил што работи на водород? Не во Германија. Три гигантски фирми ја отворија првата пумпа за водород на германскиот автопат.

Daimler, Linde и Total презедоа значаен чекор во ширењето на мрежата од станици за точење водород во Германија, во рамките на партнерството за чиста енергија. Станицата за водород е лоцирана во Гајзелвинд, на автопатот А3 што ги поврзува Вирцбург и Нирнберг, како стратешки јазол што се надоврзува на постоечката мрежа од станици за водород во градовите Франкфурт на Мајна, Штутгарт и Минхен. Според тоа, возачите на автомобил на водород отсега ќе имаат поголема слобода во поглед на достапноста на гориво. Бројот на овие возила е сé уште незначителен и главно се работи за тест-флоти на производителите на автомобили, но не може да се очекува експанзијата да напредува без соодветна инфраструктура.

Автомобилите на водород во основата се електрични автомобили, коишто место од тешки и скапи батерии што се полнат предолго, ја црпат енергијата од хемискиот процес што се случува со водородот во горивната ќелија. Досегот на овие возила е ист како кај конвенционалниот погон, горивото се полни во специјалниот резервоар за само неколку минути, а единствената материја што ја испушта погонот е водена пареа. Германската влада обезбеди 1,4 милијарда евра за унапредување на погонот на водород до 2016 година, со план бројот на станици за водород да достигне 50 до крајот на годинава.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen стартува со штедлив Golf со трицилиндарски бензинец

Пекарница испорачува печива со електрични комбиња