за

Германија нуди бесплатен паркинг за електрични автомобили

Автонацијата ќе им понуди бесплатен паркинг и право на користење на жолтата лента на сопствениците на автомобили со погон на струја, хибриден и водороден погон.

Како нова мера за поттикнување на продажбата на возила со напреден погон, Германија нуди бесплатен паркинг и можност за користење на лентата за јавниот превоз со цел бројот на електрични автомобили да достигне еден милион до 2020 година. Тоа е амбициозна цел ако се има во предвид дека од почетокот на годинава се продадоа само 21.000 возила со „електрифициран“ погон.

Кабинетот на канцеларката Ангела Меркел денес го потпиша документот со којшто на општините им се овозможува да им понудат бесплатен паркинг и право на користење на лентата за јавниот превоз на сопствениците на возила со електрифициран погон, односно плаг-ин хибриди, електромобили и возила со погон со горивни ќелии. Овие автомобили ќе добијат посебни налепници што ќе видат забележливи за сите. Властите очекуваат дека со оваа мера ќе се поттикне продажбата на возила со напреден погон. Слични привилегии веќе подолго време имаат сопствениците на електрични автомобили во Норвешка и Холандија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen Golf Alltrack: Овој Golf вози и по терен

Opel со четири светски премиери во Париз