за

Во оваа земја 2.100 литри бензин чинат едно евро

Додека тука се радуваме за ниските цени на горивата, во една друга земја можат да ни се изнасмеат за тоа. Поради гигантската инфлација и уврдените цени, бензинот речиси е бесплатен.

Бензинот во САД моментно чини два долари за галон, односно околу половина евро за литар. Американците возат двапати поевтино од нас, додека ние се радуваме на нашите „евтини“ горива. Но, има поевтино и од тоа. Многу поевтино. Еден галон бензин во Венецуела моментно чини 0,0018 евра. Тоа значи дека за едно евро може да се наточат 2.100 литри гориво. Со оваа количина бензин може да се наполни резервоарот на триесетина големи лимузини.

Причина за неверојатно ниската цена е фактот што цените на горивата ги одредува државата, исто како што „народните“ власти ги одредуваа цените на одредени продукти во поранешните комунистички режими. Цената на бензинот секогаш е иста, но за тоа време државната валута постојано слабее. Покрај тоа, Венецуела моментно има стапка на инфлација од 63 проценти, што е апсолутен максимум во светот.

Владата на оваа држава во Јужна Америка сега конечно реши да ги подигне цените на горивата. Тоа за последен пат се случи дури во 1989 година, кога народот излезе на протестни маршови поради поскапувањето на горивата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Каков избор е користен Mercedes Е-класа (1995-2002)

Америка шпионира милиони автомобили