Возачи почетници во Африка се учат на Монополи

Кандидатите за возачи во Сиера Леоне мораат да ги научат сообраќајните правила преку една забавна игра, пред да им се дозволи полагање. Така се решава еден сериозен проблем.

Во државата Сиера Леоне во Западна Африка не постојат семафори. Лани во 2.204 сообраќајни незгоди загинале 380 лица. Една необична мера треба да помогне да се стави крај на оваа црна статистика. Пред да полагаат за возење, на кандидатите им се пропишува да купат една забавна игра и редовно да ја играат, пишува британскиот „Мирор“.

drivers way

Играта се вика „The Driver’s Way”, чини околу десет евра и се произведува во Индија. Се игра со фрлање коцка на која што се наоѓаат сообраќајни знаци, по што автомобилчињата се движат по полето за играње и на патот до целта се одговара на прашања од сообраќајните правила. Дури откако кандидатите ќе минат неколку месеци над оваа игра им се дозволува да полагаат за тестовите.

siera leone

Во минатото добивањето возачка дозвола било само прашање на пари. Многу возачи дошле до дозвола без воопшто да полагаат. Според полициските лица во африканската држава, повеќето незгоди се случуваат од небрежност и незнаење. Половината од возачите не ги познаваат сообраќајните знаци. Играта досега е произведена во 3.000 примероци и се планира таа наскоро да се пушти и на интернет.

Претходна објаваПред славата: Кога Роберт Де Ниро снимаше реклами за коли…
Следна објаваКампер од Британија: Моето комбе е мојот дом

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here