за ,

Возачите на електричниот Leaf возат повеќе од „обичните“ возачи

Според статистиката на Nissan, сопствениците на електричниот Leaf годишно минуваат 50 проценти повеќе километри од сопствениците на возилата со обичен погон.

Возачите на Nissan Leaf, првиот големосериски електричен автомобил и најпродаван автомобил со погон на батерии во историјата, годишно минуваат 50 проценти повеќе километри во текот на годината отколку возачите на автомобили со обичен бензински или дизелски мотор. Според статистиката на Nissan, сопствениците на Leaf минуваат во просек 16.500 километри во годината, наспроти 10.800 километри колку што минуваат сопствениците на „обични“ автомобили.

Најмногу возат шпанските сопственици на Leaf, со 367 километри неделно, потоа се Швеѓаните со 339 километри, а трети се Британците со 323 километри. Следат Норвешка (317 km), Италија (306 km), Франција (302 km) и Германија (278 km). Статистиката за возачите на автомобили со обичен бензински или дизелски мотор покажува просек од 207 километри неделно. Податоците се веродостојни и доаѓаат директно од телеметрискиот систем CarWings којшто е вграден во Leaf.

Nissan Leaf е најпродавано електрично возило во историјата, со преку 150.000 примероци глобално, односно 31.000 во Европа. Сите продадени примероци од Leaf досега имаат изминато преку една милијарда километри – без ниту грам штетен издув.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Комби за експресна достава: Seat Leon ST Cupra

Пуштете ги звучниците до крај и слушнете го ова Porsche