за ,

Водородната Toyota Mirai стартува со продажба во Шведска и Норвешка

По Велика Британија, Данска, Германија и Белгија, двете скандинавски држави се следните што ќе го нудат авангардниот модел Mirai во продажба. Во сите овие земји веќе постои мрежа од станици за полнење водород како погонско гориво.

Иднината на мобилноста е на пат за возачите во Шведска и Норвешка, кои се интересираат за автомобилот со погон на водород Mirai (јапонски збор за иднина). Од летово, во обете скандинавски држави ќе стартува продажбата на Toyota Mirai, откако овој автомобил со нулта емисија на штетни гасови лани доживеа комерцијализација во Велика Британија, Германија и Данска, како и во Белгија во почетокот на годинава. Во првичната фаза од почетокот на продажбата на европскиот пазар, кој крајот на годинава преостанува уште Mirai да им се понуди и на холандските купувачи. Авангардниот автомобил е достапен на јапонскиот пазар од декември 2014 година.

На почетокот на продажбата му претходеше обемно тестирање во условите на студена скандинавска зима
На почетокот на продажбата му претходеше обемно тестирање во условите на студена скандинавска зима

На постоечките пет станици за точење водород на Истокот на Норвешка ќе им се придружат уште најмалку 20 нови станици до 2020 година по целата територија на скандинавската земја. Проширувањето на инфраструктурата за водород е еден од приоритетите на норвешкото министерство за транспорт и предвидува масовни инвестиции до 2029 година. Покрај тоа, за сопствениците на Toyota Mirai важат истите привилегии како за електричните автомобили со погон на батерии, односно ослободување од ДДВ и акциза, како и бесплатно паркирање и право на користење на лентите за јавниот превоз.

Пред почетокот на продажбата на автомобилот со погон на водород на Toyota беа извршени обемни тестирања на техниката во услови на студената норвешка клима и Mirai успешно ги совлада сите тестови. Меѓу предностите на Mirai во студени климатски услови се издвојува и брзото загревање на кабината со топлината што се ослободува при реакцијата во погонската единица, без притоа да се намалува досегот на возилото со водородот во резервоарот.

Со сите данночни ослободувања, Mirai во Норвешка чини околу 65.000 евра. Слично на  цена на топ-модел од средна класа
Со сите данночни ослободувања, Mirai во Норвешка чини околу 65.000 евра. Слично на цена на топ-модел од средна класа

Во соседната Шведска исто така постои почетна инфраструктура од станици за водород во Стокхолм, Гетеборг и Малме. Водородот се произведува локално, со енергија што целосно е добиена од обновливи извори на енергија. Истото е случај и во Данска. Почетокот на продажбата на Toyota Mirai воедно претставува и темел за натамошно проширување на мрежата од станици за точење водород.

Во почетокот, бројот на продадени примероци од Toyota Mirai ќе биде незначителен во обете земји, но се предвидува рапиден пораст до крајот на деценијава. Toyota проценува дека ќе достигне ниво на продажба од 20.000 примероци на Mirai до 2020 година. Во следната година Јапонците ќе произведат 3.000 примероци од водородниот автомобил. Планот на светскиот број 1 е до 2050 година да ја редуцира емисијата на СО2 на целата своја продажна гама од модели за 90% во споредба со нивото од 2010 година.

Со еден резервоар до 500 километри, полнење за три минути

Mirai е прва лимузина со погон на водород во светот, чијашто техника во голем дел се базира врз водечкото искуство на Toyota во хибридниот погон, како и на дводецениското истражување на самиот водороден погон. Срцето на погонот е таканаречената горивќа ќелија, во којашто се произведува електрична енергија преку реакцијата на водородот од резервоарот и кислородот од атмосферата. Од издувната цевка на Mirai излегува само чиста вода, без ниту грам штетни материи. Со полни резервоари со водород, автомобилот минува до 500 километри, а самото полнење трае околу три минути. Цената на Mirai за норвешкиот пазар изнесува околу 65.000 евра. Тоа е слично на врвно моторизирана и солидно опремена лимузина од средна класа. До купувачот е дали под „врвно“ моторизирана подразбира многу коњски сили или погон на иднината.

Технички податоци · Toyota Mirai

Модул од горивни ќелии: Тип полимер-електролит, број на ќелии 370, моќност 155 КС Батерија: Никел-метал-хидрид, број на ќелии 204, номинален напон 244,8 V, капацитет 1,6 kWh Електромотор: Тип перманентен синхронен електромотор, моќност 154 КС, вртежен момент 335 Nm Перформанси: Крајна брзина 178 km/h, забрзување 0-100 km/h за 9,6 s Потрошувачка на водород (град/пат/просек): 0,69/0,8/0,76, резервоар 5,0 L Тежини: Празно возило 1850 kg, дозволена тежина 2180 kg Димензии: 4890 х 1815 х 1535 mm, багажник 361 L

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Украдени автомобили од Британија вредни милион фунти откриени во Уганда

Мишел Родригез се увери колку Jaguar F-Type SVR е „Брз и бесен“