за ,

ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖУВА ИЗЛОЖБА НА ИСТОРИСКИ ВОЗИЛА ВО СКОПЈЕ

Еуроимпекс најавува една од најдобрите изложби со историски возила во Македонија, со дури 85 олдтајмери од регионот, двојно повеќе од минатата година. Тоа е само една причина повеќе за саботна посета во Еуроимпекс.

Еуроимпекс, генерален увозник за Peugeot во Македонија, оваа година е домаќин на IX-тата меѓународна изложба со историски возила. Настанот ќе се одвива во сабота на 31-ви мај, со почеток од 11 часот. Организаторите „Еуроимпекс“ и „АМК Џип рели спорт“, најавија богата програма и уживање за посетителите. Конференцијата за печат беше отворена од страна на г-динот Владимир Воиновски, сопственик на „Еуроимпекс“ и претседател на организациониот одбор на IX-тата меѓународна изложба со историски возила. Како човек кој својот век го има посветено во сферата на автомобилизмот, тој посочи: „Оваа изложба што ќе се одржи во сабота кај нас, ќе биде една од најдобрите изложби со историски возила во Македонија. За разлика од минатата година, изложбата ќе има скоро дупло повеќе излагачи. Посетителите ќе имаат прилика да видат 85 олдтајмери, но и да направат тест возење на нови Peugeot возила“.

Локацијата за меѓународната изложба со историски возила е внимателно избрана. Имено, „Еуроимпекс“ е една од првите приватни компании во Македонија, а Peugeot брендот е познат по својата повеќе од 200-те годишна историја – што беше истакнато од страна на Генералниот директор на „Еуроимпекс“, г-динот Кирил Воиновски.

Интересот на сопственици на историски возила за оваа изложба бил голем, при што од организацијата била вршена селекција фокусирајќи се на најдорите примероци – што и беше истакнато од страна на г-динот Димитрије Пеливанов, претседател на АМК Џип Рели спорт и делегат на IX-тата меѓународна изложба со историски возила, при што додаде: „Во сабота на 31-ви мај, нé очекува најдобрата изложба на историски возила до сега. Како и претходно, основно правило на изложбата на историски возила, кое е и согласно правилата на Меѓународната федерација FIVA, е возраста на возилото. Добро е познато дека – возилото за да може да земе учество во изложбата, треба да е постаро од 30 години, односно да е произведено пред 31.05.1984 година.“

image009

На IX-тата меѓународна изложба со историски возила ќе бидат претставени вкупно 70 возила и 15 мотоцикли, каде од вкупниот број на историски возила, 11 возила се од брендот Peugeot, а останатите возила се претставници на други брендови. Најстаро возило кое ќе биде изложено е возилото Fiat Topolino, произведено во 1936 година, додека најстаро возило од марката на домаќинот на IX-та изложба е Peugeot 404 од 1968 година. Посетителите ќе имаат можност да го видат и мотоциклот Yava, произведен во 1930 година, како најстар моторцикл на изложбата. Интересен примерок ќе биде и една од највозените веспи во поранешна Југославија, веспата NSU Pretis Precis.

Како што е редот, најдобрите возила и скутери ќе бидат наградени со специјални признанија. Од организацијата истакнаа дека гласањето ќе биде извршено од страна на публиката, со пополнување на ливчиња за гласање и нивно поставување во гласачките кутии. Посетителите ќе можат да гласаат за категориите од отворањето на изложбата па сè до 14:30 часот.

За категориите за кои решавачка улога има одреден факт, на пример за „најстар автомобил или моторцикл на изложбата“ или за категории каде е потребно да се изнесе стручно мислење, како на пример за „најдобро реставриран автомобил/моторцикл“ – ќе гласа стручната техничка комисија во која членуваат компетентни лица.

„Покрај IX-тата меѓународна изложба со историски возила, посетителите ќе имаат можност да направат тест возење на Peugeot моделите 208, новиот 308, кој е носител на признанието „Автомобил на годината во Европа“ за 2014-та година, како и на 301, 2008, 3008, 508, 508 SW и Partner.  За прв пат во Македонија, ќе може да се направи компаративно тест возење меѓу тјунирано и нетјунирано возило. Во двете верзии, на располагање го имаме европскиот автомобил на годината, новиот Peugeot 308 со 1.6 HDi мотор и 92 КС како нетјунирано возило и истиот мотор само со 115 КС како тјунирано возило. Посетителите, исто така, ќе имаат прилика да присуствуваат на презентации на постапката на репарирање на ветробранско стакло, а за најмладите приредивме специјално Peugeot изненадување и со нетрпение ги очекуваме нивните искрени рекации.“ – истакна Ивана Манчева, маркетинг директор во „Еуроимпекс“ и Директор на IX-тата меѓународна изложба со историски возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мак Аутостар со повеќе премиери на Саемот за Транспорт

Audi работи на електричен турбополнач