Властите во Венецуела ја запленија локалната фабрика на американскиот производител на автомобили General Motors. Државата се наоѓа во тешка економска криза, милиони граѓани протестираат против претседателот. Според General Motors, заплената е противправна.
Венецуелските власти ја конфискуваа фабриката на General Motors во индустрискиот регион Валенсија. Со тоа им е направена недоместлива штета на американскиот производител на автомобили, на неговите 2.678 вработени, како и на добавувачите и на 79-те дилери. Државата под владеење на социјалистичкиот претседател Николас Мадуро се наоѓа во тешка економска криза. Неколку фирми од САД веќе ги почувствуваа последиците. Ford уште во почетокот на 2015 година ги повлече своите инвестиции во земјата. Ова не е прв случај владата да презема фабрики.
Во моментов се оддржуваат масовни протести против Мадуро и неговите приврзаници. Околу шест милиони демонстранти излегоа на улиците во средата, со подршка од опозицијата којашто бара предвремени избори. Полицијата им се спротивставува на демонстрантите со солзавец, стотици лица се приведени. Протестите веќе однесоа и неколку животи.
In troubled Venezuela, a General Motors factory is seized as antigovernment protesters clash on the streets https://t.co/0eY8n3WVQn pic.twitter.com/Ip4lbA7ut3
— Los Angeles Times (@latimes) April 20, 2017
Ова не е прв случај држава да запленува фабрика. Во 2011 година романската влада ја заплени фабриката на Nokia, поради тоа што производителот на мобилни телефони ги немаше подмирено даноците и на државата ѝ должеше околу 10 милиони американски долари. Запленетиот имот имаше површина од 28.000 метри квадратни.
Во ноември 2014, судски извршител ја конфискуваше фабриката на Nissan во рускиот Ст. Петерсбург. Производителот одбиваше да му ги врати парите на купувачот на возило што било испорачано со дефект. Nissan попушти и на клиентот му ја исплати сумата од 2,2 милиони рубљи, односно околу 40.000 евра, а дополнително ги плати и судските трошоци во висина од 2.700 евра.
Необичен е случајот со политички мотивираната заплена на фабрика за чоколади во Рошен, во рускиот град Липцек, јужно од Москва. Фабриката беше во сопственост на украинскиот претседател Петро Порошенко. Руските власти го обвинуваа претседателот дека затаил 3,17 милиони евра данок. Порошенко заработи милијарди со оваа фабрика.
General Motors е присутен во Венецуела уште од 1948 година, како најстар локален производител на автомобили и пазарен лидер во изминативе 35 години.