за

Велосипедот на Jaguar му донесе рекорд на Бредли Вигинс

Бредли Вигинс: „Рекордот на еден час на меѓународната велосипедска унија е најтешкиот предизвик за човечките перформанси во велосипедизмот, кадешто е важен и најмалиот дел од секундата“

Британската спортска легенда Бредли Вигинс извозе 54,5 километри за време од еден час со велосипедот во чијшто развој учествуваше Jaguar, поставувајќи нов светски рекорд.

Разлика во брзина од 1,5 километар на час се чини безначајна, но кога станува збор за возило на ножен погон, тоа е сосема доволно да се постави нов светски рекорд за едночасовна велосипедска трка со хронометарот. Британскиот велосипедист Бредли Вигинс го постави рекордот со извозени 54,526 километри за еден час на Pinarello Bolide HR, развиен во соработка меѓу Jaguar и реномираниот италијански производител на велосипеди Pinarello. Инженерите на Jaguar ги користеа за велосипедот истите дизајнерски методи како во моделот XE, којшто е најаеродинамичниот модел во историјата на марката со дивата мачка. На тој начин се намали отпорот на воздух на велосипедот за 7,5 проценти.

Меѓу иновациите во рекордерскиот велосипед на Вигинс спаѓа и едноделниот волан со посебно изведени потпирачи за рацете, заради намалување на отпорот на воздух. Инженерите на Jaguar и Pinarello интервенираа со истата цел и во дизајнот на предната вилушка, стеснувајќи ја истата и доближувајќи ја кон предното диск тркало, исто како и во дизајнот на запчениците и во осовините на тркалата.

jaguar velosiped rekord
„Ова е најаеродинамичниот велосипед што го имам возено досега,“ изјави Вигинс по поставувањето на новиот светски рекорд

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германија со 3 милијарди евра субвенција за електрични автомобили

Продажбата на Mercedes расте вртоглаво: 150.000 за еден месец