Бугарска фотографка ги претвора возилата во „Урбани инсекти“

Јасена Попова ги гледа возилата од поинаков агол, од страната што ретко кој ја познава. Оздола. Бугарската фотографка го претвора тоа во уметност, со примена на фотошоп. За неа, тоа се „Урбани иксекти“.

Бугарската архитектка Јасена Попова работи на проект наречен „Урбани инсекти“, фотографирајќи најразлични возила од нивната долна страна со својот Nikon D500, во реална перспектива и во цела должина на возилата. Таа изработува и до стотина фотографии оздола, ги спојува во заедничка слика и потоа во фотошоп ги обработува заднината и боите на тој начин што деловите од возилата стануваат јасни и беспрекорно чисти.

https://youtu.be/CyKKyKjSBGQ

Првиот „модел“ беше велосипед, во 2012 година. Возилата потоа стануваа сé поголеми, за во меѓувреме да дојде ред на локомотива од 12.000 тони. Попова веќе размислува за следниот објект и не би требало да изненади ако тоа биде и тенк.

Претходна објаваToyota потврди: Кросоверот C-HR тргнува во напад на Juke
Следна објаваNiro ја стартува офанзивата на хибридни модели на Kia

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here