Британците произведуваат повеќе коли од Французите

Лани за прв пат по 1966 година се произведоа повеќе автомобили во Велика Британија отколку во Франција. Производството на островот продолжува да расте, што ќе ја стави земјата на третото место на најголеми авто производители во Европа.

Растечката продажба на автомобили произведени во Британија на домашниот и на клучните извозни пазари ја потисна Франција од третото на четвртото место на ранг листата на земји производители на автомобили, веднаш зад Германија и Шпанија. Аналитичарите очекуваат дека вкупната продукција на автомобили во Британија во 2013 година ќе изнесува 1,55 милион автомобили – преклани беа 1,47, а во 2011 година 1,32 милион автомобили.

За споредба, француската продукција се очекува да падне на 1,54 милион автомобили за минатата година, по 1,66 милион автомобили во 2012 и 1,88 милион во 2011 година. Во следните три години се очекува продукцијата на автомобили на островот да достигне близу два милиона возила, што ќе биде нов рекорд за земјата. Повеќето производители масовно инвестираат во нови погони за зголемување на продукцијата.

Од каде толкав раст во продукцијата во Британија?

Главна движечка сила зад продукцискиот бум во земјата се матичните марки, меѓу кои Jaguar, Land Rover, MINI и Vauxhall, исто како и суперлуксузните марки Rolls-Royce и Bentley. Но, притоа не смее да се заборават и британските фабрики на гигантите од Јапонија, како Nissan, Toyota и Honda.

Ослабнатата француска екомонија, проблемите со еврото, прекумерните капацитети, слабиот домашен пазар и отсуството на доверба во бизнис секторот во услови на актуелната социјалистичка влада се наведуваат како главни причини за намалувањето на продукцијата во земјата.

Автонацијата Германија има недостижна предност со 5,45 милиони произведени автомобили во 2013 година во однос на второпласираната Шпанија со 1,76 милиони, додека Велика Британија и Франција следат на третото и четвртото место.

Претходна објаваДобавувачите на автоиндустријата пред казна поради наместени цени
Следна објаваТест · Suzuki SX4 S-Cross 1.6 DDIS 4WD GLX

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here