за ,

Британската влада инвестира 40 милиони фунти во полначи за електромобили

еколошките автомобили британија

Осум британски градови ќе прераснат во центри за електрични автомобили во земјата. Планирани се нови полначи за струја, бесплатни паркинзи, лизинг за електромобили.

Осум градови во Велика Британија ќе добијат вкупно 40 милиони фунти со цел да се поттикне користењето на електричните автомобили. Лондон, Бристон, Нотингем и Милтон Кејнс ќе добијат најголем дел од инвестицијата, додека програмата во одреден дел ќе биде спроведена во помалите градови Данди, Оксфорд, Јорк и во северноисточниот регион во земјата.

Инвестицијата е наменета за изградба на брзи полначи за струја за електрични автомобили, во поставување улични светилки кои воедно служат и како полначи, вклучувајќи и обезбедување привилегии за возачите на овие возила, како користење на лентите за јавниот превоз во градските центри или бесплатно паркирање.

Револуцијата на електричниот погон веќе е започната во земјата, со раст во продажбата на електрични автомобили за 94 проценти лани. Целта на овој проект е возниот парк од електрични автомобили во земјата да достигне 100.000 возила до 2020 година, како и да се даде поттик за останатите градови да започнат со спроведување на политика што ќе го интензивира електричниот погон.

Велика Британија е светски лидер во порастот во продажбата и развојот на инфраструктурата за електрични автомобили и возила со плагин-хибриден погон. За натамошно подобрување на квалитетот на воздухот, создавање нови работни места и достигнување на планот од 2040 година продажбата на возила да се состои исклучиво од електрични автомобили, земјата ќе инвестира вкупно 600 милиони фунти до крајот на деценијава.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нова технологија на очила го трга кошмарот од ноќното возење

Bosch разви педал за гас што „штеди“ гориво