Болничката документација на Шумахер украдена и на продажба

Како што пишува auto motor und sport, крадци дошле до болничката документација на Михаел Шумахер, кои потоа се обиделе истите да ги продадат на одредени медиуми.

За здравствената состојба на Михаел Шумахер се знае многу малку, но можно е тоа да се промени за скоро време. Менаџерката на рекордерот во шампионски титули, Сабине Кем, денес соопшти дека документацијата е украдена. Крадците очигледно имале намера да ги објават податоците за познатиот пациент и да профитираат на сметка на болката на семејството.

„Веќе неколку денови на медиумите им се нудат на продажба украдени документи за кои што се тврди дека се болничка документација на Михаел Шумахер. Не можеме да ја потрдиме веродостојноста на документите. Кражбата е пријавена, а полицијата е ангажирана во истрага“, пишува во соопштението.

Германскиот дневен весник Билд објави дека за украдениот материјал се бараат најмалку 50.000 евра. Во документите се откриваат деталите за хируршките зафати врз Шумахер. Уште не се знае дали податоците се продадени или и натаму се кај крадците. Менаџерката Кем ги предупреди заинтересираните за правните последици: „Укажуваме на тоа дека е забранета продажбата на такви документи, како и нивно објавување.“

Претходна објаваNissan е службено возило на ракометарките и ракометарите на Вардар
Следна објаваFord го претстави новиот Focus ST – отсега и во дизел верзија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here