за

Бетон со бактерии се поправа сам

Со овој пронајдок значително се продолжува експлоатацискиот период на патиштата и објектите. Станува збор за бетон што сам се поправа при оштетување, а бактериите во него се заслужни за тоа.

Холандски научник пронајде метода за значително продолжување на експлоатацискиот век на улиците и објектите, со бетон којшто сам се поправа. Хендрик Мариус Јонкерс од техничкиот униерзитет во Делфт бараше начин да го спречи создавањето на пукнатини во бетонот и најде решение во вид на бактерии коишто обично живеат во вулканските карпи.

organski betonВо ЕУ секоја година се трошат повеќе милијарди евра за реновирање на објектите. Холандскиот микробиолог Хендрик Јонкерс и неговиот тим по повеќегодишно истражување развија таканаречен био-бетон, којшто се поправа сам со помош на бактериите. Научниците се инспирирале од природата, односно од способноста за регенерација на растенијата и животните. Овој револуционерен пронајдок може да придонесе за годишно да се заштедат неколку милијарди евра.

Кај обичниот бетон се појавуваат пукнатини по само неколку години. Преку овие пукнатини може да навлегува вода во објектот, предизвикувајќи корозија на челичната арматура. Со посебниот вид на бактерии може да се надмине овој проблем. Кога ќе дојдат во контакт со вода, бактериите се активираат, почнуваат да се хранат и излачуваат варовник. Варта е составен дел од цементот и во допир со навлезената вода ги затвора создадените пукнатини.

Ниту километарски пукнатини не се проблем за бактериите

Овие супербактерии обично се наоѓаат во близина на вулкани и се отпорни на топлина и студ. Нивната особеност е во тоа што создаваат спори. Бактериите се вмешуваат во течниот бетон заедно со калциум лактат, којшто им служи како храна. Доколку не дојдат во допир со во вода, овие бактерии може да „спијат“ во бетонот и до 200 години. Со продирањето на водата, тие почнуваат да се хранат и да излачуваат варовник. Бактериите ги исполнуваат пукнатините за само три недели, без разлика на должината. Според Јонкерс, овие пукнатини можат да бидат долги со километри. Единствено ограничување е ширината на пукнатините, односно бактериите можат да затворат пукнатини со ширина до 0,8 милиметар.

Тимот научници на Јонкерс веќе работи на развој на течност што ги содржи бактериите и со неа можат да се премачкуваат постоечките објекти. Продажбата на оваа течност ќе започне веќе годинава, а органскиот бетон се очекува за в година.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ако сопругата ве нервира … влезете ѝ дома со автомобилот

Маркијоне бара спојување на Fiat Chrysler и General Motors