Безбедносниот систем на „терор-камионот“ во Берлин спречил поголема трагедија

Новите камиони почнувајќи од 2015 година мора да поседуваат систем за самостојно запирање при опасност од судир. Со овој систем располагаше и камионот на Scania којшто беше злоупотребен како „оружје“ при терористичкиот напад во Берлин. Активирањето на овој систем спречило бројот на жртви да биде уште помасовен.

Тежок влекач со голема брзина влета меѓу постителите на божикниот пазар во Берлин, но запре по околу седумдесетина метри. Според германските медиуми, безбедносната техника со којашто располагал камионот од марката Scania, спречила трагедијата да биде уште помасовна. Експерти од шведскиот производител на камиони присуствувале при вештачењето, но официјалниот извештај уште не е објавен. Отсуствуваат и податоците од тахографот во камионот. Но, за каков тоа систем станува збор?

Од ноември 2015, сите возила со дозволена максимална тежина поголема од осум тони мора да располагаат со систем за автоматско запирање при опасност. Камионот од Scania којшто беше злоупотребен за напад, исто така располагал со овој систем. Идните генерации камиони ќе поседуваат унапредена верзија на системот за самостојно запирање, која уште посилно ќе го запира возилото при опасност во споредба со постоечкиот систем.

Камери и сензори го скенираат патот пред возилото и спречуваат незгода

„Автоматските сопирачки“ се активираат при секое давање контакт во камионот. Возачот може да го исклучи системот, којшто ќе остане деактивиран сé до следното стартување на возилото. Функционирањето на безбедносниот систем се базира врз камери и два радарски сензора. Првиот сензор покрива растојание до 150 метри пред камионот, вториот покрива само 60 метри, но затоа во многу поширок агол. Сензорската техника ги следи подвижните и неподвижните пречки, но не и луѓето.

Дејствувањето на автоматските сопирачки е предвидено при брзини над дваесет километри на час, а кога брзината ќе падне под 15 километри на час, системот се деактивира. Тоа е различно од патничките автомобили, чијшто систем дејствува сé додека возилото запре во место. Автоматските сопирачки се замислени првенствено да спречат судир при возење по автопат, на пример во случај на застој. Нивната функционалност се има докажано повеќепати досега.

Техникат му дава предимство на возачот при надминувањето на опасноста

Кога безбедносната техника ќе регистрира пречка, возачот прво се предупредува со звучен сигнал. Доколку тој не реагира, возилото почнува да запира самостојно, до целосното запирање на камионот. Но, предимството при решавањето на конкретната ситуација му се препушта на возачот. Според тоа, доколку возачот започне да забрзува или да запира при „алармот“, системот се исклучува.

Конечните резултати од истрагата ќе потврдат дали безбедносниот систем во камионот на Scania навистина спречил поголема трагедија.

Претходна објаваГерманија со најмалку жртви во сообраќајот во последните 70 години
Следна објаваЕвропа в година со нови тестови за издувни гасови за автомобилите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here