за

Американска правда: Забрана за мобилен по прегазување велосипедист

Возачка од Мичиген прегазила велосипедистка додека го користела мобилниот телефон. Пресудата е крајно контроверзна: Таа доби забрана да користи мобилен телефон во следните две години.

На возачка од американската сојузна држава Мичиген изречена ѝ е крајно контроверзна пресуда. Извесна Мици Нелсон на возраст од 23 години во следните две години не смее да користи мобилен телефон. Покрај затворска казна во траење од 90 до 180 денови и двегодишна условна казна, судот и одреди на несовесната возачка дополнителни 150 часови општествена работа и 20 појавувања пред возачи почетници, како „лош пример“. Во условниот период, Нелсон не смее да користи ниту поседува мобилни уреди и какви било други преносни уреди за комуникација. На сето тоа следува и казна во визина од 15.000 долари како обештетување за семејството на жртвата и 1.500 долари парична казна. Возачката дозвола е одземена на една година. Предлогот за забраната за мобилен го дал сопругот на жртвата.

Користењето мобилен не е загарантирано право, туку привилегија – што се одзема

Незгодата се случила во минатата есен во близина на Ленсинг, во којашто загинала 35-годишната Џил Бјулих, мајка на две деца. Во моментот на незгодата, таа носела рефлектирачки елек и заштитен шлем, возејќи велосипед правилно по десната коловозна лента. Обвинетата Нелсон во тој момент не внимавала на возењето, користејќи го мобилниот телефон, при што удрила директно во велосипедистката. Според судот, на обвинетата Нелсон не ѝ следува законско право да користи мобилен телефон, туку тоа било привилегија, којашто сега ќе ѝ биде одземена поради неодговорното однесување во сообраќајот. Само во 2013 година, на патиштата во САД загинале 3.154 лица поради возачи чиешто внимание било одвлечено со користење на мобилниот телефон.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

F151 е доказ дека Ferrari навистина планирал спортски теренец

Битумен од микроалги: Нафта повеќе не е потребна за изработка на асфалт