Њујоршката филхармонија свиреше на делови од Volkswagen

Во „Стаклената мануфактура“ во Дрезден синоќа се одржа единствен концерт. Музичарите имаа необични инструменти: Делови од каросеријата на луксузната лимузина Phaeton.

Њујоршките филхармонисти свиреа композиции од Кристофер Рус и Леонард Бернштајн под диригентската палка на Алан Жилбер, а кулминација на вечерта беше експерименталната „Моќ“ од Магнус Линдберг. Музичарите свиреа на оригинални каросериски делови од благородната лимузина Phaeton.

Од основањето, американските музичари имаат одржано повеќе од 15.000 концерти. Но, овој концерт е посебен. Оркестарот засвире необични, метални тонови од 43-те каросериски делови од Phaeton. Посебен ефект се постигна со солистите распоредени на повеќе места во халата, за да произведат ефект на екот. Шест перкусионисти свиреа на каросериски делови. Финскиот композитор создаде уникатен спој на просторот и музиката, на уметноста и на техниката.

Снимка од концертот може да се погледне на интернет страницата на „Стаклената мануфактура“, на www.glaesernemanufaktur.de

Претходна објаваНикој хибрид не вози на батерии побрзо од Porsche
Следна објаваOpel Astra со нов бензински мотор со 170 КС

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here