за

Јајцемобил од иноваторите на Hyundai

Колку што е познато, Корејците не слават Велигден, но се чини како и тие да се подготвуваат да го одбележат големиот празник. Hyundai претстави студија која што изгледа како јајце и неодоливо потсеќа на модерните јајцеварачки што можат да се сретнат во многу кујни. Жолтиот јајцемобил за превоз на едно лице е резултат од интерниот идеен конкурс за градски автомобил на иднината.

Познато е дека јајцето не стои исправено, па затоа одзади излегуваат две ножиња со помошни тркала, како кај детски велосипед. За погонот се грижи тркалото под јајцето. Возачот управува, сопира и забрзува исто како со Segway, со поместување на телото. Крајната брзина е 30 km/h. Со тежината од 80 килограми, јајцето може да се превезува и во автомобил.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

И најкусото невнимание е предолго невнимание

Брзината не им помага на криминалците во Дубаи