за

Што треба да содржи патната апотека?

Според Светската здравствена организација, 40 проценти од туристите поаѓаат на патување неподготвени. Ова е најосновното што треба да го содржи патната апотека.

Прво и основно што треба да се понесе се нараквици за еднократна употреба, пинцета, ножици, средство за дезинфекција на рани, фластер и компреси, еластични завои и термометар. Лекарства против бол, температура, дијареа, запек и настинка исто така се безусловно потребни. Специјални спрејови за нос, за изедначување на разликата во притисоците, односно против создавање притисок во ушите, се од голема помош пред и за време на патувањето. Против мачнина при патување помагаат специјални гуми за жвакање или акупресурни ленти.

patna apoteka 1

Тие што патуваат подалеку треба да се подготват потемелно. Таблети за дезинфекција на вода, средства против мачнина во стомакот и за заштита од инсекти можат да бидат од голема корист. Во некои земји треба да се понесат и стерилни еднократни шприцови и игли. Покрај тоа, лекарствата треба да бидат заштитени од пробив на вода и од висока температура. Упатствата за употреба не треба да се оставаат, затоа што лекарот или апотекарот може од нив да извлече важни информации – без разлика што тие се на друг јазик.

При патување во подрачја со слаба медицинска нега се препорачува шест недели пред патувањето да се консултира лекар што е искусен околу патувањата во тропските подрачја и тој да препорача што треба да содржи патната апотека, како и да даде совети за потребните вакцинации и за однесувањето во средината.

Ако лекарства се примаат редовно, како резерва треба да се земе половина повеќе од потребната количина. Заради безбедност, при патување со авион, овие лекарства треба да се носат во рачниот багаж. Некои препарати се проблематични на граница. Шприц за инсулин во некои случаи може да претставува основа за сомневање за поседување дрога. Затоа е потребна лекарска потврда, на повеќе јазици.

Долгите патувања со автомобил или авион не се безопасни за луѓето со проблеми со вените. Олгото седење без пауза за движење може да предизвика згрутчување на крвта и зачепување на поголемите жили. Затоа треба да се носат посебни чорапи, односно медицински чорапи за тромбоза.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пред 125 години Берта Бенц го направи првото патување со автомобил

Новата марка на Nissan го покажа изгледот на првиот модел