За синоќешната премиера на класата S, Mercedes организираше ресторан со десет ѕвезди. Пет врвни готвачи ги гоштеваа 750-те личности од политиката, бизнисот и медиумите со кулинарски специјалитети.
Петмината врвни готвачи ги сервираа своите гурмански креации на различни места, како круна на „летечкото мени“. На тој начин, готвачите ставија посебен печат на крштевката на новата луксузна лимузина на Mercedes. Исто како што новата класа Ѕ поставува нови стандарди за луксузните автомобили, така и петмината готвачи се издвојуваат со нивната исклучителна умешност за готвење.
Хуан Амадор: Телешки грб во кари сос, желе од кокос и мајонез од манго
Готвачот со три ѕвезди е познат по неговите авангардни и контрастни композиции. Тој ги изненади гостите со телешки грб во кари сос, желе од кокос и мајонез од манго.
Дус Штајнер: Бакалар во сос од лимон со врвови од зелена шпаргла и кисела детелина
Првата германска готвачка со две ѕвезди на Michelin сервираше бакалар во сос од лимон, со врвови од зелена шпаргла и кисела детелина. Таа преферира зеленчук и зачини и прочуена е со нејзините лесни сосови.
Тим Рауе: Кралски шкампи со васаби
Готвачот со две ѕвезди создаде волшебство со кралските шкампи со васаби. Неговите креации претставуваат грижлива комбинација на зачини и ароми од Кина, Јапонија и Тајланд.
Матијас Шмит: Замрзната поточарка со пире од оскоруша и карамелизиран сенф
Тој е еден од водечките креативни готвачи од помладата генерација. Познат е како смел готвач надвор од границите на Франкфурт каде што работи неговиот ресторан.
Вахаби Нури: Воловско рамо во Раз ел Ханут, полента од целер и кисело маринирана жолта слива
Нури е роден во Казабланка и познат е како волшебник за најпрефинети вкусови. Неговите специјалитети се преполни со фантазија и претставуваат уметнички дела.
Тоа се петте главни јадења од синоќешната вечер. Кој ги сака рецептите, нека нé контактира.