за

Шпанската марка доби германски шеф

Од први мај, Јирген Штакман ќе биде нов шеф на Seat. Тој го наследува Џејмс Муир, кој презема раководна функција на ниво на концернот Volkswagen. Дипломираниот економист ја започнува професионалната кариера во Ford во 1989 година, работејќи на повеќе одговорни функции во Германија и Велика Британија, меѓу другото и како директор на маркетинг, а последно како генерален менаџер за продажба и маркетинг во Германија.

Ангажманот во концернот Volkswagen за 51-годишниот Штакман започнува во 2010 година, каде е одговорен за продажба и маркетинг за марката Skoda. Од септември 2012, тој раководи со маркетингот на концернот Volkswagen и марката Volkswagen.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Tata Nano – Најевтиниот автомобил на светот е голема утка

Добро Mini добро стресува