за

Шефот ќе ја спасува Alfa – по четврти пат!

Продажбата на Alfa во оваа година нема да достигне ниту 100.000 примероци. Последен пат продажбата беше толку ниско во 1969 година. И покрај тоа, шефот Маркијоне верува дека со вложување милијарди евра ќе го спаси некогашниот конкурент на BMW.

Првиот човек на Fiat, Серџо Маркијоне, се надева дека со вложувањето милијарди евра во Alfa Romeo ќе стави крај на десетгодишната криза на италијанската марка. За оваа година се очекува продажбата да биде под 100.000 возила, за прв пат по 1969 година. Четвртиот план на Маркијоне за спасување на Alfa е ист како за Maserati, марката да се фокусира на премиум модели што ќе се извезуваат во цел свет.

Лансирањето на новата Alfa е клучен чекор во стратегијата на Маркијоне да ја врати профитабилноста на групацијата Fiat до 2016 година. Fiat лани забележа загуба од 700 милиони евра.

Според новиот план, Alfa ќе се фокусира на архитектура со заден погон и погон на сите тркала, којашто ќе се развива од малиот инженерски тим на Maserati, во Модена. Со тимот ќе раководи Филип Криф, кој пред да стане шеф за развој на нови модели во Ferrari во јануари 2012 година, беше одговорен за развој на подвозје во Fiat. Продажбата на Alfa Romeo сепак е недоволна да ги исплати трошоците за развој на новата платформа и затоа истата ќе мора да се користи и за моделите на Chrysler и Dodge.

Последниот успешен модел на Италијанците, Alfa 156, беше претставен во 1997 година и достигна врв во продажбата во 2000 година со 120.000 примероци
Последниот успешен модел на Италијанците, Alfa 156, беше претставен во 1997 година и достигна врв во продажбата во 2000 година со 120.000 примероци

Со глобална продажба од 101.000 возила во минатата година, Alfa продава десетпати помалку од конкурентите BMW и Mercedes. Причината за тоа е десеткуваната моделска понуда, којашто се состои од MiTo, Giulietta и 4C. Тоа се модели што се интересни само за Европа. Во првите десет месеци од годинава, еврпската продажба падна за 30 проценти, на околу 50.000 возила.

Новата платформа ќе ја користат најмалку четири модели: Моделот од средната класа Giulia, во лимузинска и комби изведба, лимузина од виша класа и спортски теренец од средна класа. Giulia се очекува да се појави на пазарот пред крајот на 2015 или почетокот на 2016 година. Сите нови модели ќе се продаваат и во САД и во Кина. Можно е техниката да се користи и за идните генерации на големите лимузини Chrysler 300 и Dodge Charger, како и за купе изведбата на Dodge Challenger.

Купување на Chrysler или спасување на Alfa?

Аналитичарите се скептични за новиот план за спас на Alfa, затоа што тој ја оневозможува големата мисија на Fiat – преземањето целосна контрола над групацијата Chrysler. Според процените на Mediobanca Vecchio, Италијанците моментно не располагаат со доволно капитал за откуп на преостанатите 41,5 проценти акции во американската компанија и за истовремено вложување средства во повторното заживување на марката Alfa Romeo. Маркијоне мора да се реши за едно. Потешкиот и понесигурен начин би бил успешна реорганизација на Fiat и Alfa Romeo, бум во продажбата на обете марки и стекнување средства за конечното преземање на Chrysler. Трошоците за Alfa за следните пет години би изнесувале околу 5 милијарди евра, плус по 800 милиони евра за секој од петте нови модели на име на маркетинг и продажба.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Британците возат најскапо, Арапите најевтино

Субвенциите ја качија продажбата на автомобили во Шпанија