Повеќето марки од престижниот сегмент подготвуваат теренец во моделската понуда. Шефот Торстен Милер-Етфес потврди на салонот во Франкфурт дека и Rolls Royce нема да остане настрана од трендот.
Влегувањето на Bentley во сегментот на престижните теренци е потврдено, а по претставувањето на студијата CX-17 не е далеку денот кога и Jaguar ќе стартува со модел во овој растечки сегмент. Lamborghini исто така го привршува развојот на суперлуксузниот теренец. Нормално е дека и Rolls Royce не смее да го пропушти пазарот што ветува.
Шефот Торстен Милер-Етфес потврди официјално на салонот во Франкфурт дека благородната марка од островот планира да вклучи теренец во понудата. Првите скици за изгледот на идниот модел на Rolls Royce се веќе направени. За техниката на теренецот ќе се погрижи сопственикот, групацијата BMW, која веќе има развиено нова платформа за X5.